Тиквички
1000 семки = 125-150 гр., 1 гр. = 7-8 семки. Семето р'ти за 2-3 дена,a ce расадува на температура на земјиштето над 15° С. Се одгледува во густина од 8.000-12.000 растенија/ха. на отворено.
ТИКВИЧКИ
Ardendo 174 F1 | n: ран хибрид на тиквичка со млечно зеленкаста боја, многу отпорна и адаптабилна во однос на Езра. Има средно буен, ограничен раст, со мног
у засечени темно зелени листови. Плодовите се многу правилни со цилиндричен облик, незабележливо пошироки на врвот, со многу постојани цветни папки. Извонредно е отпорна на вируси и на пепелница.
Milet F1(E82.110): Искучително ран хибрид на бела тиквичка. Толерантен на вирус на мозаично жолтило на тиквичката (ZYMV).Растението е силно со полуотворен хабитус. Приносот и квалитетот е подеднакво добар при одгледување на земја и со вертикално врзување. Толерантен е на пепелница, изразена отпорност на вируси. Плодовите се со убава боја, мазни и без деформација при температурни амплитуди. Можна е подолга берба во пластеникот со редовно отстранување на старите листови.
Dunja F1 (E 82.169) | n: Дуња е хибрид тиквичка со темно зеленабоја со убава
марморација со светли точкасти дамки. Има компактен хабитус и ограничен пораст. Плодовите се со цилиндричен облик и средна должина. Хибридот поседува одлична отпорност на вирус и пепелница.
Natura F1: Нов хибрид на зелена тиквичка наменета за вертикално одгледување во есен и многу рано одгледување во пролет со сеидба при крајот на Јануари. Многу јак вегетационен врв со долго плодоносење. Се одликува со брзо формирање на плодовите на кратки интернодии и со одличен баланс меѓу вегетативниот и генеративниот пораст и отпорност на пепелница. Плодовите се цилиндрични со убав изглед, прави, со темно зелена боја и се барани на пазарот.

